Лекови и храна за најранливата категорија граѓани беа доделени денеска во Берово од Светската хуманитарна организација „Humanity First“ во соработка со Здружението „Ахмедија“, Здравствениот дом Берово и Општината, како дел од одбележувањето на празникот Рамазан Бајрам.
– Секоја година во очи на празникот Рамазан имаме традиција да помагаме на многу луѓе, а оваа година донираме лекови и храна, истакна Васим Ахмад од „Ахмедија“.
Според Зубер Кхан од „Humanity First“, тие досега имаат реализирано многу активности и им имаат помогнато на многу луѓе во светот.
– Денеска сме во Берово и овој пат доделуваме лекови кои им се потребни на луѓето во Берово. Акцијата деновиве продолжува во Куманово и Пехчево, изјави Кхан.
На присутните им беа поделени и хуманитарни прехранбени пакети.