Можна соработка во инфраструктурни проекти и искористување на можностите се приоритетите заклучени од денешната средба на амбасадорката на Јапонија во Република Македонија Кеико Ханеда со градските власти на Крушево.
Амасадорката Ханеда се запозна со историјата и традицијата на градот и се прошета низ уникатните крушевски улици.
На средбата меѓу Ханеда и крушевскиот градоначалник Томе Христоски се разговараше за соработка во инфраструктурни проекти и искористување на можностите кои Амбасадата на Јапонија ги нуди.
– Оваа средба, верувам, е почеток на суштинска соработка меѓу нашата Општина и Амбасадата. Ние веќе аплициравме до јапонска Амбасада со чии средства, доколку ги добиеме, ќе решиме уште еден суштински проблем на граѓаните на целата општина, изјави Христоски.
Ханеда ги посети галеријата на слики „Никола Мартиноски“ и споменикот „Илинден“ преку кои се запозна со она што најдобро го карактеризира Крушево. Таа се запозна и со условите за туризам, а особено покажа интерес за првенството во параглајдинг кое во моментов се одржува во Крушево преку Проектот за локална и регионална конкурентност.