Во Дојран денеска се одржа обука за превенирање од насилство и ран детски раст, наменета за ученици и наставен кадар од основното и предучилишното образование.

За основното училиште „Кочо Рацин“ од Нов Дојран се одржа семинар за превенирање на насилното однесување меѓу учениците, со кој беа опфатени наставниците во одделенска и предметна настава и стручни соработници од подрачните училишта на територијата на општина Дојран.

– Семинарите беа едукативни, со интерактивен карактер за наставниците и родителите кои присуствуваа на нив се со цел да се стекнат со знаења за правата на децата, за педагошките, психолошките и правните аспекти на насилството и малтретирањето во училиштата како и за можноста за нивно рано препознавање, соопштија од општинската информативна служба.

Во соработка со детската градинка „Кокиче“ истовремено беше одржана обука за ран детски развој наменета за професионален развој на воспитувачите, родителите и за одделенските наставници.