Во основното училиште „Братство Миѓени“ во населбата Дреновец има специјално опремена училница за деца со без вид и други попреченосто, но интерес има малку, па само пет деца таму следат вон наставни активности. Две слепи и едно дете со оштетен вид и уште две деца со даунов синдром доаѓаат на настава во училницата која изобилува со опрема.
Училницата е опремена со проект на американската агенција за меѓународна помош УСАИД за да се зголемат образовните можности за децата со пречки во видот преку писменост и пристап до образование, како и рано откривање на евентуални очни болести. Образовна, медицинска и социјални компоненти се запазени при организирање на оваа училница.
– Во овој центар има добри услови за ученици со оштетен вид, слух и говор. Тоа што е најбитно овој проект ни овозможува нашите ученици да учат преку најмодерните апаратури што во светот многу ретко се наоѓаат. Во овој кабинет средства што имаме имаме Брајова машина, машина за учење на Брајова азбука, Брајови книги од сите изданија, сите предмети. Има и визуелни помагала- лупи за зголемување, компјутер за зголемување на текст, видео и фото, фјузери, специјални помагала за математика, учебници со браево писмо на македонски и албански јазик, 70 аудио книги, вели дефектологот Аљмира Бакија.
Според медицинската компонента предвидени се здравствени контроли и прегледи на очите кај децата со цел рано откривање на проблеми. Во рамки на социјалната компонента се предвидува дополнителната настава односно курсеви за компјутери, англиски јазик, советувања и слично.
-Тука може да дојдат ученици од редовните настави во било кое училиште. Имавме уште еден ученик но родителите престанаа да го носат. Има услови за уште многу повеќе ученици да доѓаат на настава-рече дефектологот.
Овој ресурсен центар постои од 2014, финансиран од УСАИД, поддржан Универзитетот на Југоисточна Европа. ас/цр