Во градскиот парк во Крива Паланка се работи на уредување нов терен за играње на дечињата на локацијата каде претходно беа поставени неколку забавно- рекреативни реквизити.
– Локалната самоуправа на општината во соработка со јавното претпријатие „Комуналец” работи на обновување на постојните реквизити , дел од нив ќе се реконструираат,а ќе бидат поставени и нови. Просторот ќе биде преуреден, адаптиран за непречена и безбедна игра на најмалите.Свесни сме дека како општина се соочуваме со недостиг од такви мали забавно-рекреативни терени и работиме на прилагодување и уредување на повеќе такви локации во општината, изјави градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Информира дека општината во рамки на ИПА проект од прекуграничната соработка со Република Бугарија ќе уреди фитнес зона на отворено во кејот на Крива Река наспроти градскиот парк,а во соработка со Здружението за унапредување меѓусебна доверба, ТАКТ во рамки на проектот „Спорт за сите” финасиран од ГИЗ ќе ги уреди спортските терени во домот за ученици Боро Менков и кај населба Единство. ид/цр/