Петта јавна дискусија за претставување на нацрт текстот на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ денеска ќе се одржи во Кавадарци.

На јавната дискусија, ќе учествуваат државниот секретар во Министерство за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, првиот извршен директор на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, како и медиумскиот работник, Љупчо Бубо Каров.