Привршува постапката за воспоставување на јавно приватно партнерство за јавно осветлување во Куманово, информираше градоначалникот Максим Димитриевски, нагласувајќи дека веќе е формирана комисија од внатрешни и надворешни членови.
– Досега се јавија две фирми кои по електронски пат ќе се натпреваруваат кој ќе понуди подобри, поквалитетни услуги, по што ќе биде избрана компанија која ќе биде партнер на општина Куманово-изјави Димитриевски.
Тој смета дека со оваа постапка Куманово ќе добие квалитетно, современо осветлување, со кое градот ќе влезе во реализација на паметни проекти, актуелни во светот.
За јавното осветлување во градот, досега беше одговорно ЈП „Куманово-Паркинг“, а за поставување на ново, замена и грижа за веќе постоечкото освелување, претпријатието со години наназад ангажираше приватни компании. Изминатиот период, преку пилот проект беше заменето дел од осветлувањето со нови штедлви светилки на двата булевари „Октовмриска револуција“ и „Трета МУБ“.
Во градот Куманово, има околу 4.800 светилки, а вклучително со приградските населби околу над 9.000.