Според податоците на училиштата во ООУ „Ванчо Прќе" само двајца ученика се без уреден вакцинален статус и едно идно прваче во ООУ „Димитар Влахов".
Официјално заврши првиот уписен рок за првачињата во петте штипски основни училишта. Билјана Казанџиска раководител на Секторот за јавни дејности, образование и ЛЕР на денешната прес-конференција истакна дека во текот на минатиот месец запишани се вкупно 376 првачиња, а според податоците на патронажната служба во Штип има 538 деца, кои ги исполнуваат условите за упис во прво одделение.
-Најголем број на првачиња има запишано во училиште „Ванчо Прќе", каде што во двете смени А и Б се запишани 127, потоа во „Димитар Влахов" вкупно 101, „Тошо Арсов" има вкупно 54, „Гоце Делчев" 52 и во училиштето „Славејко Арсов" во населбата „Баби" има вкупно 42 запишани правчиња. Споредбено со минатата учебна година 2018/2019 година имавме запишано 444 првачиња. Конечната бројка за наредната учебна година ќе ја знаеме во септември, вели Казанџиска.
Според податоците на училиштата во ООУ „Ванчо Прќе" само двајца ученика се без уреден вакцинален статус и едно идно прваче во ООУ „Димитар Влахов".
Казанџиска истакна дека во септември очекуваат бројката на запишани правчиња да се зголеми и да достигне над 400, во меѓувреме ќе се прават и анализи, колку од идните правачиња не се запишани, но и колку од нив се иселиле со своите родители.