Освојувачот на фудбалскиот куп, екипата на Академија Пандев, денеска беше примена од градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, заедно со сопственикот на клубот, најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев.
Градоначалникот Јаневски им го честиташе големиот успех и при тоа им посака уште поголеми успеси и достојно презентирање на струмичкиот и македонскиот фудбал во европските клупски натпреварувања.
Покрај тоа, на приемот градоначалникот Јаневски ја искажа подготвеноста на општина Струмица за натамошна поддршка на Академија Пандев, која и досега ја имаше од локалната самоуправа.