Пред една седмица беше затворено поединечното првенство во шах на Македонија, каде Кирил Георгиев, наш репрезентативец и прва табла на Македонија, кој воедно е и член на шаховскиот клуб од Општина Кисела Вода “БМ-Кисела Вода”, убедливо го освои првото место. Тој освои 8.5 од 9 поени.

Пехарот од денес ќе ги краси витрините на кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски кој е генерален спонзор на овој шаховски клуб. Денес, во име на Кирил Георгиев, пехарот ми го врачи селекторот, кој воедно е член на ШК “БМ-Кисела Вода”, Роландо Кутиров.