Во сите четириесеттина џамии на дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар,Центар Жупа и Маврово Ростуше, одржани беа утрински молитви по повод големиот исламски празник Рамазан Бајрам. Најбројни верниците беа во новата Саат кула џамија во Дебар – пренесе Македонската информативна агенција.

Имамите Јетон Муча и Роил Крифца кои ги одржа Сабах намаз и Бајрам намаз посакаа здравје, мир, благостојба, соживот и меѓусебно почитување.

Честитика до сите верници,по повод празникот Рамазан Бајрам упати и дебарскиот муфтија Рамазан Хаса.

По утринскиот бајрамски намаз верници исклучиво мажи ги посетија вечните почивалишта на нивните најблиски, по што до пладне одат во посета и честитање кај роднини и пријатели. Семејствата се собираат на заеднички ручек по што повторно се продолжува со взаемни посети.

Негувајќи ја вековната верска толеранција наследена од своите предци, во дебарскиот регион породолжуваат меѓусебните посети и честитања од православните верници, кај нивните соседи, пријатели, колеги.