Македонското друштво „Илинден" со седишите во Тирана и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка по повод големиот празник Рамазан Бајрам.

-Почитувани верници со исламска вероисповед во Албанија, во нашата матична земја Македонија и во целиот свет, честитки по повод големиот празник Рамазан bајрам. Празникот е ден на радост, на семејни и пријателски собирања и дружби, асоцира на веселба, на среќни луѓе. Нека биде така и овој и сите други празници, да го славиме во слога, мир и соживот, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот Или Халилај.

Во честитката се нагласува верската хармонија присутна во Албанија и се посакува оваа вредност да биде „светол пример за целиот регион и светот".