Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски денеска ќе потпишат дел од договорите за мерката за инвестиции во подземни системи за наводнување капка по капка, од Програмата за рурален развој 2018.

Потпишувањето на договорите ќе се одржи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.