Во текот на јуни Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово е домаќин на неколку настани. Вечерва од 20 часот ќе се прикажува филмот „Два прста мед“ од Албанија. Ќе биде прикажан и утре со две проекции, од 12 и од 19 часот, и во петок од 12 и од 20.30 часот. Тоа е љубовна комедија во која главните улоги ги имаат Ермал Мамачи и Елвана Ѓата.

-Фестивалот „Меридиjан“ продолжува со одржување на неколку настани во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Во петок 9 јуни пред тетовската публика ќе се претстават сопранот Дајана Малолари и Лаура Лила на пијано, двете од Албанија. Наредниот четврток, 13 јуни, пред домашната публика ќе се претстават двајцата тетовци Шкелзен Пајазити на виолина и Шкелзен Бафтијари на пијано. Следениот ден, 14 јуни, настапуваат сопранот Ериона Драгоичеа од Албанија и Пјер Вебер од Луксембург на пиjано. Со настапот на Национален балет на Косово на 17 и 18 јуни се завршува овогодишнотоj прво издание на „Меридиjан“, информира Артан Арслани од Центарот за култура.

На првиот ден од одржувањето на фестивалот, 19 мај, во Центарот за култура настапи хорот и оркестарот Бешикташ од Истанбул.