Градоначалниците на општина Битола и Новаци, Наташа Петровска и Љубе Кузманоски, претставници на општинските Совети, припадници на АРМ и СВР-Битола, како и членови на семејствата на загинатите бранители Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, положија цвеќе пред споменикот „Ангел“ во знак на почит и сеќавање на нивната прерана смрт во 2001 година.
Тројцата бранители животот го загубија во близина на тетовското село Гајре во 2001 година.
- Одбележуваме 18 години од згаснувањето на три млади животи за нашата Македонија, за слободата и условите во кое ние денес живееме. Оддавањето помен значи дека мора да се сеќаваме на нив, но и на нивните семејства, на нивните потомци, кои не смееме да ги заборавиме, изјави градоначалничката Петровска.
Во чест на загинатите бранители, во спортската сала „Боро Чурлевски“ се одржа Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко, Благојче и Пеце 2001“.