По повод големиот верски муслимански празник Рамазан бајрам, денеска во градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски во просториите на општината приреди традиционален прием за претставниците на Исламската верска заедница и претставниците на месните заедница во оваа општина.
– Велес е мултиентичка и мултиконфесионална средина. Ви посакувам благосостојба, мир, радост и успех на сите полиња, им порача Коцевски.
Муфтијата Адем Чоревски се заблагодари на приемот и ја поздрави можноста за оваа средба, која традиционално ја организира локалната власт.
– Сакам да потенцирам дека не треба да си помагаме само на празникот Рамазан бајрам туку во текот на целата година, потенцира муфтијата Чоревски.
Тој појасни дека ова се денови на духовност, обнова и ибадет.