Одбележана 90 годишнината од скијањето во Тетово, и од основањето на еден од најстарите скијачки клубови Љуботен.
На Одбележуавњето беше презентирана ретроспектива на скијањето во Тетово, кое во минатото бил спорт број еден во државата, но за жал сега е на дното. Од скијачкиот клуб Љуботен велат дека оваа спортска дисциплина е директно зависна од скијачките центри од кои државата одамна кренала раце.
Историчарот Бранислав Светозаревиќ потсети дека на времето во Тетово имало дваесетина скијачки клубови бројка на која и завидувале западно европските земји.
Повозрасните спортски работници се потсетија како со многу елан првите скијачи се снабдувале со скии и и се качувале на снежние падини на Шар Планина.
Инаку првото скијање на Шара е регистрирано под врвот Љуботен а потоа на Попова Шапка.