Шестата јавна дискусија за Нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот ќе се одржи денеска во салата на Советот на Општина Куманово.

На јавната дискусија и претставувањето на Нацрт-текстот најавено е учество на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, Андријана Томовска, заменик-координаторката на кластерот образование во Координативното тело за подготовка на Стратегијата и Мерсиха Смаиловиќ, претставничка на граѓанскиот сектор.