Двајца ученици од Средното медицинско училиште СОУ „Јане Сандански“ од Штип првпат ќе ја претставуваат државата на Олимпијада по биологија која ќе се одржи наредниот месец во Унгарија.

Наставникот Влатко Двојаковски истакна дека учениците веќе се подготвуваат на Природно-математичкиот факултет во Скопје

–Ова е голема работа бидејќи земјава првпат учествува во Олимпијадата за средни училишта.Со информациите кои ги имаме ќе има големо учество. Пријавени се 350 ученици. Тоа претставува можност и ние самите да се докажеме во светот, вели Двојаковски.

–Јас сум еден од кандидатите кој ќе ја претставува нашата држава во Сегедин, Унгарија. Исто така во август ќе имаме и селекциски натпревар и за наредната Олимпијада. Ќе имаме и теоретски и практичен тест и поради тоа одиме на ПМФ каде се подготвуваме за награда, вели ученикот Стеван Богданов.

Учениците од Средното медицинско училиште претходно ги освоија наградите по билогија и на државните првенства, а исто така учествуваа и на други државни натревари во земјава. Пред да стратува првиот уписен рок, раководството на училиштето смета дека ова доволно говори и за квалитетот на наставата.