- Локалната самоуправа на Општина Охрид го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните.
Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на граѓаните и решавање на нивните потреби.
Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина и ги повикуваме советниците да се однесуваат во духот на демократијата и почитување на различните мислења, стои во соопштението на општината испратено до медиумите.