Поради неколкуте случаи на неспортски риболов делчевската полиција во наредниот период ќе ги зајакне контролите на водите на река Брегалница.
Случаите на неспортски риболов ги забележале членови на Спортско риболовното друштво „Брегалница”, кои, како што велат, ги пријавиле до надлежните во Делчево.
– Загрижени сме поради ваквата појава која е забележана и регистрирана на неколку ловишта на река Брегалница. Риболовците кои на неспортски начин ловат риба се фотографирани и прекршокот е пријавен до надлежните органи. Се надеваме дека таквите риболовци ќе бидат предупредени, а потоа доколку продолжат со неспортски риболов ќе бидат казнети, истакнаа од СРД „Брегалница” – Делчево со апел до сите оние кои ќе забележатловење на риба на неспортски начин, случајот да го пријават до надлежните орган.
Река Брегалница во Делчево е сè уште без концесионер поради што прекршувањето на пропишаните норми за спортски риболов и нивно санкционирање потпаѓа под надлежност на МВР.