На 16.06.2019 година на Шар Планина се одржа планинската трка “Титов Врв Скајрејс“ која воедно претставуваше и прво национално првенство во скајранинг (екстремна форма на планинско трчање) во нашата земја.

Стартот и целта на трката беа на Попова Шапка, а патеката во должина од 20 километри минуваше преку двата највисоки врвови на Шар Планина, Титов Врв 2747 мнв и Бакардан 2704 мнв. Учество земаа 50 спортисти, а на подиумот во генерален пласман се искачија:

Александар Стојкоски (2:40), Марјан Бонев (2:46), Александар Кирковски, (2:48) во машка конкуренција Мери Мирческа (3:50), Биљана Кираџиева (4:11), Елена Ртоска (4:53) во женска конкуренција.

Организатори на настанот беа планинарскиот клуб “Македон“ и Федерацијата за планинарски спортови на Македонија. ФПСМ од оваа година е полноправен член на Светската скајранинг федерација и има за цел промоција и развој на оваа млада и светски популарна планинска дисциплина.