Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска ќе присуствува на јавни дискусии за Нацрт-законот за основното образование и Нацрт-законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што ќе се одржат во Куманово и во Струмица.
Како што соопшти МОН, дискусиите се во насока на поширока консултација за предложените нацрт закони кои претставуваат системски решенија од областа на основното образование.
Двата нацрт закона, за кои е отворена јавна расправа, беа презентирани порано месецов.