Педесетина лица денеска во Тетово протестираа поради, како што посочуваат, содржината на аудио разговори што се објавуваат на социјалните мрежи. Тие побараа правда од институциите за како што рекоа, „монтирани случаи“ за „Монструм“, „Сопот“, „Алмир“, „Бродец“ и „Диво Насеље“, како и одговорност од ДУИ.
Граѓаните кои протестираа се собраа пред Универзитетот во Тетово и заминаа во правец кон Мала Речица, со намера да протестираат пред седиштето на ДУИ, но од полицијата беа запрени на излезот од Тетово, каде се обратија пред присутните, а по 45 минути мирно се разотидоа. Како организатор на протестите се претстави Блерим Амеди.