Седмиот конгрес на педијатри со меѓународно учество почнува денеска во Струмица.
Конгресот ќе трае до 28 јуни и има за цел да поттикне размена на знаења и искуства меѓу стручниот кадар од државава и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи, информираат од Здружението на педијатри.
Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми на конгресот ќе бидат: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија.
Стручни излагања ќе имаат еминентни предавачи од државава и од странство кои ќе презентираат новини во педијатријата, што ќе дадат голема важност на овој меѓународен педијатриски собир и ќе користат за натамошно унапредување на науката во педијатриската медицина.