Општина Штип преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот разво доби финансиска поддршка во висина од 55.000 евра наменети за инфраструктурни зафати во рурални средини, информираше денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Овие пари ќе се искористат за реконструкција на неколку улици во населба Караорман со комплетно нова асфалтна инфраструктура.

Бочварски забележа дека улиците се во должина од 1.220 метри или 3.700 метри квадратни, од кои 1.000 метри или 3.200 метри квадратни ќе се реконструираат со парите од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а останатите 220 метри или 500 метри квадратни ќе се реконструираат со пари од Општина Штип.

–Аплициравме за средства од Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој и веќе добивно одобрение за финансирање на некаде околу 55.000 евра, средства за изградба на улиците за коишто веќе поднесовме проект. Остатокот од средствата ќе бидат инвестирани од страна на Општина Штип и токму затоа можам да кажам дека околу 80.000 евра е проектната вредност на улиците коишто ќе бидат инвестирани во населбата Караорман, вели Бочварски.

Општина Штип пред неколку денови од свои средства заврши со реконструирање на пристапна улица со бехатон. Локалната власт продолжува да работи на решавање на суштинските потреби и проблеми на граѓаните.