Во дворот на градинката и основното училиште „Даме Груев“ во Градско денеска ќе биде отворена сензорна градина наменета за зголемување на сетилните вештини и психомоториката кај децата од предучилишна возраст па сé до периодот на адолесценција.
Ваков вид на градина е прва во редовно основно училиште во нашата држава. Во оваа акција учествуваат студентки на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, жителки на општина Градско, а акцијата беше поддржана и од Општина Градско, основното училиште и комуналното претпријатие од Градско.
На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Градско, Роберт Бешовски.
Акцијата „Активни граѓани за добро владеење“ на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје (Форум ЦСИД) е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Во изминатите четири месеци, Форум ЦСИД спроведуваше активности во Вардарскиот плански регион, при што се формираше неформална група на граѓани од општина Градско кои добија поддршка за изградба на сензорната градина.