Нивоата на повеќето реки во земјава се во рамки на просекот за јуни, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, исклучок прават реката Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања и Струмица кај Ново Село, каде нивото на водата е над просекот за овој месец.

Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро не отстапуваат значително.