Поради започнување на активностите за асфалтирање, од денеска државниот пат Берово-граничен премин Клепало, ќе биде забранет за сообраќај за моторни возила. Забраната ќе важи во наредните две недели.
– Сакаме да ги информираме граѓаните и туристите кои престојуваат во нашата општина, дека во периодот од 27 јуни во наредните две недели, во периодот од 11:00 до 16:00 часот, ќе се врши асфалтирање на државниот пат, Берово-граничен премин Клепало и истиот во наведениот период, ќе биде забранет за сообраќај, на сите видови моторни возила. Државниот пат Берово-граничен премин Клепало, ќе биде забранет за сообраќај за трактори и за тешки возила, секој ден, додека трае асфалтирањето, до 21:00 часот – информираа од општина Берово.
Од општината апелираат до граѓаните и туристите за стрпливост и воздржаност за време додека траат градежните работи.
Средствата во висина од 89 милиони денари за реализација на овој значаен зафат се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.