Во организација на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН денеска во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Како технологиите влијаат врз развојот на децата”.

Целта на трибината е подигнување на јавната свест преку пренесувања на мислења и искуства од пракса на неколку истакнати експерти за штетното влијанието на современите технологии врз развојот на децата.

Организаторите најавуваат дека трибината ќе ја отвори проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Конференцијата е во рамки на проектот „Вклучи внимание” што здружението го спроведува од јануари до јуни годинава со финансиска поддршка од Европската унија. Цели на проектот се зголемување на вниманието и фокусираноста на учениците за време на училишните часови и ангажирање на локалната власт на Општина Карпош во процесите за намалување на зависноста од паметните телефони кај учениците.