Заменик министерката за финансии Ширет Елези и градоначалникот на општина Желино Блерим Сејдиу денеска ќе извршат увид во реконструкција на ОУ „Фан Ноли“ во село Палатица во Општина Желино.
Како што соопштија од Министерството за финансии, Елези и Сејдиу ќе извршат увиди и на патот кај Групчин, кој се реализираат преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП.