Општина Кичево наскоро ќе почне со изградба на два нови крупни инфраструктурни проекти во северниот регион.
Гадоначалникот на Општината Фатмир Дехари на средба со граѓаните на село Србица најави дека од буџетот на општината наскоро ќе се гради нова водоводна мрежа за селото Ново Село и ќе се обезбедуваат нови шест литри во секунда дополнителни количини вода за селото Србица од изворот од кај местото „Челојца“, која се наоѓа над селото Ново Село.
– Србица има водовод, но количините од регионалниот водовод „Студенчица“ кои ги користи РЕК „Осломеј“ честопати особено кога работи комбинатот во летните месеци нема доволно вода за селата кои се снабдуваат од овој водовод. Со обезбедување на алтернативен извор за вода за ова село ќе се растерети постојниот водовод од каде се снабдува регионот. Згора на тоа, поради конфигурација на теренот ќе нема голема потрошувачка на струја за пренесување на водата до резервоарот како што сега се случува, објасни Дехари, кој побара од месното население да се вклучи активно и да помогне во реализацијата на овој, како што рече, мошне значаен инфраструктурен објект не само за овие две населени места, туку и за целиот регион.
Работите за изградба се очекува да му бидат доверени на ЈКП „Комуналец“ од Кичево.