ЈПКД „Комуналец“ од Струмица ја продолжи летната акција за чистење на општината. Се чисти во населбата Карпош на потегот до поранешната касарна, како и долж булеварот „Гоце Делчев“.

Од струмичкото комунално претпријатие апелираат до граѓаните, посебно до тие во населените места, да бидат внимателни со фрлањето на отпадот, особено во овие месеци кога се врши чистење на домовите и истиот да го фрлаат на места одредени за него.

Екипи на „Одделението за управување и одржување на јавно зеленило“ продолжија со дополнување на хортикултурното уредување на влезот од градот на просторот околу кружниот тек на улицата „Ленинова“ на влезот во Струмица. Таму се поставени цветни топки со летно цвеќе од видот бегонија со дијаметар од 130 сантиметри.