Утре и задутре ќе нема вода за полевање на дворните површини во Неготино, поради итно и неодложно интервентно чистење на каналската мрежа од алги, од страна на Водостопанство „Тиквеш".

Портпаролот на неготинската локална самоуправа, Методи Митрев денеска информираше дека редовното снабдување со технолошка вода ќе продолжи од петок.

Дотогаш, апелираше тој, неопходно е неготинчани рационално да ја трошат водата за пиење.