Градежните активности за изградба на фудбалскиот терен со вештачка трева, што ќе биде прв објект од ваков вид во Кичево, веќе се завршени. Спортското игралиште е со димензии 101 метри должина и 71 метро ширина и се наоѓа во населба Пашино, односно во близина на главниот терен на комплексот на ФК „Влазерими“.

Преставникот на ОФС- Кичево Џевдет Далипи нагласи дека вештачката трева е направена од еколошки материјали од италканско произвосдво, а со тоа, како што рече, нејзината одржливост и долготрајност е загарантирана.

Инвестицијата за изградбата на фудбалското игралиште е во вкупна вредност од 350 илјади евра и се обезбедени од ФФМ.

Инаку, Меморандумот за соработка меѓу ФФМ и Општина Кичево беше потпишан претходно од страна на претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини и градоначалникот Фатмир Дехари.

Градежните работи се завршени во предвиденото време и ова игралиште ќе и служи на ФК „Влазерими“ како помошно игралиште, но и на останатите фудбалски екипи од ОФС-Кичево.