Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов најави реализација на низа проекти значајни за подобрување на квалитетот на животот на сите жители на општина Валандово.

Костадинов потврди дека денеска Општина Валандово објавила јавни набавки за проектите за изградба на плоштад и парк во село Удово и за почеток на работите од втората фаза од изградбата на канализацијата во Бојмијскиот регион.

Во наредниот период, Костадинов најави почеток на градежните активности за уредување на патот и просторот од Валандово до манастирот „Свети Ѓорги“, како и за реконструкција на детската градинка „Калинка“ во енергетски ефикасен објект.

Како што истакна Костадинов, во момнтот, во тек се работните активности за изградба на една улица во Марвинци, една во Удово и една во Чалакли, како и изградба на пат за поврзување на „Горна маала“ од Јосифово со регионалниот пат Валандово-Удово, изградба на канализационен систем во Раброво и реконструкција на фудбалското игралиште во Пирава.