Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски со неговиот колега од украинската Општина Берегово, Золтан Бабијак, потпиша писмо со намери за воспоставување на соработка меѓу двете општини, соопштија денеска од општината.
– Тоа значи воспоставување на поголема економска соработка помеѓу претпријатијата од двете општини, создавање на услови за вмрежување и соработка помеѓу малите и средни претпријатија, промоција на инвестициските можности на општина Струмица и поволностите за инвестирање во Струмица, информираат од општинската прес-служба.
Во делегацијата од Општина Струмица се и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и раководителот на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови, Ѓоко Ристовски.
Посетата се реализира на иницијатива на Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.
Инаку, Општина Берегово во Украина граничи со две европски држави: Унгарија и Романија.