Општина Демир Хисар ја утврди програмата за третата по ред Демирхисарска школа која според востановената традиција ќе почне в недела, на Иванден.

Летната школа ќе ја отворат градоначалникот Марјанче Стојановски, раководителот на школата Сашо Цветковски и митрополитот Преспанско-палегониски г. Петар.

Учесниците на школата до 14 јули ќе работат на повеќе теми од областа на археологијата, архитектурата, историја на уметност и теологија.

Демирхисарската летна школа традиционално се одржува во манастирот „Св. Јован Претеча“ кој се наоѓа во демирисарското село Слепче.