Во Пробиштип денеска ќе биде означен почетокот на изградба на станбена зграда наменета за социјално ранливи категории на граѓани.
Како што соопшти Министерството за транспорт и врски на настанот ќе присуствуваат министерот Горан Сугарески и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски.