Денеска беа извлечени квалификациските групи за ЕП 2021, а нашата кошаркарска репрезентација се најде во групата „Б“, каде противници ќе и бидат Италија, Естонија и Русија.
Првиот квалификациски прозорец е предвиден да се одигра во февруари 2020 година, вториот во ноември истата година, а последниот прозорец во февруари 2021 година. Осум групи се составени од по четири тимови.
Првите три тима од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на ЕП 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации.
Распоред на натпревари:
20/21.02.2020 Македонија – Естонија 23/24.02.2020 Русија – Македонија
26/27.11.2020 Италија – Македонија 29/30.11.2020 Естонија – Македонија
18/19.02.2021 Македонија – Русија 21/22.02.2021 Македонија – Италија