Општина Кисела Вода утре со Град Скопје ќе спроведе акција за средување на својата територија. Во активностите ќе бидат вклучени сите јавни претпријатија на Град Скопје, невладини организации, сезонски работници и дел од администрацијата на Општина Кисела Вода.
– Ќе биде опфатено чистење на сметот на сите јавни површини, миење на улиците и тротоарите со цистерна, косење на нараснатите тревни површини, ќе се сечат исушените дрвја што претставуваат опасност за граѓаните, а ќе бидат исчистени и поголемите диви депонии, соопшти Општина Кисела Вода.
На дел од улиците ќе се крпат ударни дупки. Граѓаните ќе имаат можност да го одложат својот кабаст отпад во поставените контејнери на улицата „Ратко Митровиќ“ кај спортската сала, во паркот „Пушкин“ и на крстосницата на улиците „Христо Татрчев“ и „Дебарска“, поточно кај „Гет кафе“.