Сместена во северозападниот дел на македонската земја, меѓу најголемите и највисоките планини во нејзините граници, Шар Планина крие извонредни природни богатства. Од десетиците планински глацијални езера ви го претставуваме бистрото Бело Езеро.

На 2 280 метри надморска височина, Белото Езеро се протега на површина од 18 илјади метри квадратни. Негова главна карактеристика е кристално чистата вода во текот на целата година. Чистиот воздух, свежите температури и прекрасната глетка се причина плус да го посетите ова прекрасно место на нашата земја.

Подгответе се за еден поинаков одмор и тргнете во потрага по природното богатство на Шар Планина наречено Бело Езеро.


Администратор
26/09/2019 05:21