„Столбовите“, „ѕидовите“ и „поплочените улици“ откриени на морското дно во близина на грчкиот остров Закинтос, за кои се претпоставуваше дека се остатоци од одамна „изгубен град“, всушност претставуваат форми создадени по природен пат, објавија грчките медиуми.

Т,н, „Изгубен град“ беше откриен од група нуркачи пред неколку години, но сега откако грчки и британски научници го истражија локалитетот, утврдија дека не станува збор за никаков древен град потопен од морето.

Научниците, предвиодени од професорот Џулијан Ендрјус од Универзитетот на Источна АНглија, утврдија дека формите на локацијата се создаден од минерални наслаги од микроби, кои се хранат со метанот што излегува од пукнатините на морското дно.

Ваквиот процес во науката е познат како конкреција и според истражувачите, тој на локалитетот кај Закинтос трае веќе околу пет милиони години.


Администратор
28/09/2019 08:36