Истражувањето објавено во престижниот Дејли телеграф, во кое се говори за последиците од осум часовното канцелариско работење и влијанието врз здравјето на административните и канцелариските работници е спроведено во високо образовни институции во повеќе земји меѓу кои се и Норвешкото школо за спорт и спортски науки, Универзитетот во Кембриџ, Универзитетот во Квинсленд, Универзитетот во Сиднеј, Универзитетот за технологија во Мелбурн, Универзитетската клиника во Осло како и Харвардското медицинско училиште.
Една од главните поенти и препораки на оваа детална и сеопфатна студија е дека најмалку еден час дневно посветено на вежбање и физички активности може во целост да ги компензира здравствените ризици кои произлегуваат од “седечкиот“ и канцелариски начин на живот.
Истражувањето, во кое биле вклучени над еден милион луѓе, се темели на анализа од која произлегува добра и лоша вест. Лошата вест е дека седењето за време на работа, може значително да ги зголеми шансите за прерана смрт, додека добрата вест е дека најмалку еден час дневно на умерена и интезивна физичка активност (брзо одење, возење велосипед, друштвени спортски игри и слично) го елиминира ризикот од прерана смрт и во голем процент го компензира времето поминато во седечка положба.
Според извршените анализи, во истражувањето се наведува дека дури 59 % од луѓето кои работат во канцеларија, имаат работно време од осум часа а притоа имаат физичка активност во текот на денот помалку од еден час или воопшто ја немаат, имаат поголеми шанси за прерана смрт, за разлика од луѓето кои одвојуваат еден час за вежбање а работат во канцеларија. Истражувањето наиде на голем интерес во јавноста, пред се во Велика Британија, па голем број од спортските експерти ги прифатија заклучоците како “многу интересни“ и “сосема одлични“. На ова реагираа медицинските професори, кои го оспорија ова истражување со тезата дека во самото истражување не е користена медицина базирана на докази и дека н