„Дневници на една љубов“ е нов роман на Лилјана Пандева, кој деновиве го објави „ПНВ Публикации“. Според рецензентот, проф. д-р. Наташа Аврамовска, се работи за „книга за љубовта во услови на гранична или кризна ситуација“.

– За љубов проткаена низ днев­нички монолошки исписи – изрази на една деце­нија нестивнат љубовен копнеж, постојано одново упатуван и еднакво копнежлив во скритоста, љу­бов низ три времиња, развивана во лавиринтите на факцијата и фикцијата, на сладоста и копнежли­воста, извлечена од социјалната стварност и коле­гијалните односи во секојдневието, од грдотијата и хаосот на војната, наведува рецензентката Аврамовска.

Лилјана Пандева (1964, Ново Село, Струмица) е дипломиран професор по литература и македонски јазик и доктор по филолошки науки. Досега ги објавила делата: дра­молетите за деца „Новогодишни едночин­ки“; расказите „Канцелариски колумни“; стихозбирката „Љубов од А до Ш и обра­тно“; романите „Од агендата на Калина Ка­лин“ и „Возовите на Луцерн“ (преведени и објавени на германски јазик), како и ро­манот „Доилката“, добитник на наградата „Стале Попов“ во 2016 година.