Фото – клубот „Чкрап“ од Тетово синоќа ја отвори традиционалната 16. годишна изложба на фотографии во Уметничката галерија во градот.

-На оваа изложба имаме 22 фотографи кои се претставуваат со вкупно 44 фотографии. Нашиот концепт е изложна на работата на луѓето, на фотографите и како тие гледаат на тоа не е според зададена тема. Фото групата имаше апсолутна слобода во избор на мотив, техника,формат па дури и на начинот на презентација на фотографиите, изјави Драги Неделчевски од Фото – клубот „Чкрап“ од Тетово синоќа на отворањето на изложбата.

Дел од фотографиите се претставени на изложби надвор од Тетово.

-Имаме членови и од други градови во државата, како и од странство. Направивме принт изложба, а каталогот ни е дигитален и така го испративме електронски до публиката, рече Неделчевски.

Фото-клубот Чкрап е основан во 2003 година.