Цвеклото е еден од најлековитите зеленчуци кој редовно може да се најде на трпезата. Овој црвен зеленчук во себе содржи многу лековити својства што помагаат во одржувањето на здравјето.

Тоа е богато со многу елементи кои се неописиво потребни на секој организам, протеини, органски киселини, како што се фолна, јаболкова и оксална киселина, потоа витамините А, Б, Ц и Е а од минерли најмногу содржи калиум, калциум, магнезиум, цинк и железо.

Бидејќи цвеклото не е многу тешко да се најде на пазарот, треба да се практикува скоро секој ден да го има на менито. Може да се јаде како свежа салата или како додаток во многу јадења.

Нутриционистите препорачуваат овој црвен зеленчук да се комбинира со рендан морков што за организмот преставува вистинска витаминска бомба. Цвеклото најчесто треба да го јадат пациентите кои имаат хронична анемија, потоа помага при проблеми со тироидната жлезда и циркулацијата.

Тоа придонесува за обновување на крвта поради што претставува и природна помош во лекување на леукемија, а доколку се консумира редовно, цвеклото и сокот од него дејствуваат и на намалување на крвниот притисок.

Сокот од цвекло, како и од останатиот зеленчук воопшто, е богат со нитрати – соединенија кои ја намалуваат потрошувачката на кислород при напор. Со редовна консумација нивното ниво двојно се зголемува, што влијае на зголемување на мускулната издржливост за време на тренингот.