Од 18 до 20 октомври, македонскиот уметник и карикатурист Златко Крстевски ќе учествува на реномираниот Меѓународен Стрип-фестивал во Призрен, Косово.
Помеѓу 150-те селектирани автори на стрипот и на уметничката карикатура е и Крстевски, а меѓу другите реномирани стрип-уметници е и британскиот стрип-уметник Дејвид Лојд, цртачот на „V-for Vendetta“ според новелата на Алан Мур за која е снимен и истоимениот филм, а учествуваат и стрип-уметниците Петар Станимиров од Бугарија, Вехап Кокалари од Албанија, Муса Кајра од Кипар.