Според објавените податоци на Народната Банка на Македонија кај кредитите на годишна основа е забележан раст од 6,4 отсто, поголем дел поради зголемено кредитирање на секторот „домаќинства“.

Од Народната банка наведуваат дека доколку се исклучи ефектот на извршените отписи на сомнителни и спорни побарувања под влијание на регулаторните промени, годишниот кредитен раст изнесува 7,1 отсто