Новинарот и писател Синиша Станковиќ вечер во Кафе-клубот „Порта џез“ во Битола ќе ја претстави својата книга „Маалски прикаски (1+2)“.

Промотивниот настан е замислен како носталгично патување низ, како што велат организаторите, старите добри времиња, а „водич“ ќе биде битолчанецот Дуле Груевски.

Фрагменти од прикаските ќе читаат авторот Станковиќ и актерот Филип Мирчевски, во музичка придружба на Александар Талевски и Бојан Ивановски.

Ќе бидат презентирани и фотографиите од книгата чии автори се познатите македонски фоторепортери: Ѓорѓи Личовски, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Боро Грдановски, Томислав Георгиев, Наке Батев, Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ и Маја Златевска.